Рекордна инвестиција од 13,6 милијарди евра на Deutsche Bahn, на Германската Железница, во подготовката на железничките пруги и станици за иднината. Главната причина е јасна: „Секое евро во шините е евро во заштита на климата“.
Германската Железница продолжува со програмата за инвестиции „Neues Netz für Deutschland“, Нова мрежа за Германија. За 2022 година се издвојуваат рекордни 13,6 милијарди евра од страна на самата Deutsche Bahn, од државата и од покраините. Тоа се 900 милиони евра повеќе отколку лани. Се модернизираат 1.800 километри пруга, 2.000 свртници, 140 мостови и 800 станици.
Нагласок се става на зголемување на капацитетот и зајакнување на инфраструктурата. Само годинава во Железницата ќе бидат ангажирани уште 4.800 инженерки и инженери, стручни кадри за изградба и одржување. Кон крајот на годината ќе биде пуштена во сообраќај нова високобрзинска делница во должина од 60 километри меѓу Вендлинген и Улм. Таа, пак, дел е од големиот проект Штугарт 21. Патувањето меѓу Штутгарт и Улм се скусува за 15 минути.
Вложувањата се насочени и во дигитализација. Тоа главно опфаќа работа врз дигиталните чворови Штутгарт и скандинавско-медиреранскиот коридор од Хамбург, преку Ерфурт и Минхен, до австиската граница, близу Куфштајн. Продолжува и изградбата со ETCS, најмодерен систем за управување и осигурување според европски стандард. Во лето ќе биде пуштена првата дигитална свртница во Донауверт, којашто ги управува возовите по високобрзинските делници.
„Точно тоа ни е целта: Сакаме секој човек да го убедиме во сообраќајното средство воз, што е пријателско кон животната средина“, порачува директорот на DB, Роналд Пофала
За патниците да можат комотно да качат на воз или да сменат воз, DB годинава обновува 800 станици, што е 15 проценти од сите железнички станици во Германија. За тоа се планирани 700 милиони евра. Главно се подобруваат заштитата на патниците од временски влијанија и добивањето информации.