за

Електричната Honda HR-V стартува со продажба во Кина, цената 25.000 евра

Произведувана локално за кинескиот пазар и каросериски идентична со познатата HR-V, електричната Honda е:NP1 наскоро започнува со испорака.

Кинескиот производител на автомобили GAC и Honda почнуваат со нарачки за Honda e:NP1, компактен СУВ со електричен погон. Цената на основниот модел изнесува 175.000 јуани, што приближно одговара на 25.000 евра.

Посебно за големиот пазар во Кина, Honda ја основаше подмарката e:N, специјализирана за електрични автомобили. Буквата „е“ во ознаката се однесува подеднакво на „елеткрично“ и на „енергија“, додека „N“ се однесува на „ново“, односно на New Energy, како што во Кина се водат автомобилите со електрична и електрифицирана погонска спрега. Моделите од подмарката e:N се развиени и дизајнирани според вкусот и потребите на кинеските возачи.

За следните пет години, Honda најавува лансирање на 10 модели со чисто електричен погон, коишто понатаму ќе доспеваат и на глобалниот пазар. Компактниот кросовер е долг 4,3 метри, со меѓуоскино растојание од 2,6 метри. Достапни се две погонски варијанти. Едната располага со електромотор од 134 kW (182 hp) и 310 Nm. Батеријата од 53,6 kWh дозволува досег до 420 километри.

Втората варијанта е поскапа и чини 205.000 јуани (околу 29.000 евра), но затоа располага со моќност од 150 kW (204 КС). Со батерија од 68,8 kWh може да се вози до 510 километри. Податоците за досегот според кинеските мерила се повеќе оптимистички од WLTP нормите, меѓутоа досегот е во рамките на конкуренцијата. Партнер во развојот на батериите е домашниот гигант CATL. На пазарот веќе се нуди идентична изведба под знакот на Dongfeng-Honda и моделска ознака e:NS1.

Опременоста опфаќа инструменти од 10,25 инчи, раскошен средишен дисплеј од 15,2 инчи и централна контролна електроника, што се базира на e:N OS, и покрај напредна навигација содржи уште цел арсенал од системи за асистенција. Меѓу нив се издвојува Honda Sensing 360, со радари со бранова должина од пет милиметри, коишто ги покриваат сите правци околу возилото.

Honda најавува нов СУВ-модел меѓу HR-V и CR-V

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Неколку совети за жешкото автомобилско секојдневие

Peugeot 408 е автомобил што игра надвор од правилата