за

Honda Civic Type R: Трката во компакт класата се вжештува

Големите марки како никогаш досега се зајадени кој ќе го направи најспортскиот компакт – ако порано беа доволни 200 КС, сега се гризе со 300 КС. Civic Type R е одличен, освен една мана. Доаѓа во 2015 година.

Култната верзија на Civic е само концептен автомобил при премиерата на салонот во Женева, но во основата е веќе зрел сериски модел, когошто инженерите го дотеруваат до последниот детал во насока на реализација на целта – Civic Type R да биде најбрз компакт на патеката во Нирбургринг.

Тоа што се гледа на салонскиот автомобил се само промените во каросеријата и во кабината што ќе се случат кај серискиот Type R. Но, и овие промени не се бескорисни. Формата и аголот на задниот спојлер, на пример, произлегуваат директно од искуствата при завршните тестирања на патека на идниот тркач на Honda. Покрај тоа, зголемени се горната и долната маска, заради повеќе воздух за моторот, додека во исто време отворите во хаубата се грижат за топлиот воздух да се одведе побрзо. Предните и задните крила се проширени заради широките бандажи од 20 инчи и додадени се воздушни канали за подобрување на струењето на воздухот.

Јапонците љубоморно ги држат перформансите на Type R во тајност и откриваат единствено дека тркачкиот компакт ќе биде прв модел на Honda со новите мотори VTEC со турбонатполнење. Дволитарецот со директно впрскување и турбонатполнење ќе има најмалку 280 КС и ќе ја исполнува нормата Euro 6. Турбонатполнењето нема традиција во сериските возила на Honda, но затоа има напишано дебели историски поглавја во мотоспортот. Голем дел од искуствата по ланското враќање на Honda во светскиот шампионат со туристички возила WTCC се применети во новиот Type R.

На салонот во Женева, Honda ќе прикаже шема од погонската спрега на идниот NSX, чија премиера е најавена за в година. Покрај тоа, европско деби ќе доживее новата генерација на возилото со горивни ќелии FCEV, за која што Јапонците најавуваат продажен старт во почетокот на 2016 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi ТТ quattro sport concept во Женева: Два литра и 420 КС

Toyota Aygo: Квалитетот на Јапонците, цените на Французите