за

Honda повикува на патување

Honda започна кампања на социјалните мрежи под името #myjourney која што ги повикува авантуристите да ги споделат своите искуства со светот.

Со испраќање на фотографии и видеа од патувањето на #myjourney преку Twitter и со прикажување на истите на www.myjourneys.com, секој може да ги сподели со светот искуствата од патувањата, без разлика дали се работи за далечна или локална дестинација, за голема или мала авантура.

Светската кампања е инспирирана од Џон Хенкок и сопругата Кристин кои го пропатуваа светот со нивната Honda Civic од 1987 година. Нивното патување започна од Бристол во Велика Британија до Сузука во Јапонија, односно до местото каде што е роден нивниот автомобил. Во период од осум години, Џон и Кристин го пропатуваа светот и ги запознаа различните светски култури.
Авантурата на Англичаните е само еден пример за инспиративни патувања со моделите на Honda. Ед Марш го возел неговиот мотоцикл Honda C90 од Малезија до Лондон, а потоа и преку Скандинавија до Арктичкиот Круг. На другиот крај на светот, храбра екипа морепловци се пуштиле во битка со океаните па патување по должината на северниот брег на Австралија, користејќи бродски мотор Honda BF225.
Овие патувања ја отелотворуваат филозофијата на јапонската марка зад мотото „Моќта на соништата“. Џон Хенкок објаснува дека „соништата најверојатно можат да се претворат во реалност, а тоа што се чини невозможно е невозможно само поради ограничувањата во нашите мисли.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo, Volkswagen и Toyota најдобри според Auto Test

Peugeot 2008 освојува со оригиналност