Јапонците најавуваат дека повторно ќе понудат модел со хибриден погон на европскиот пазар во 2016 година, откако претходните модели не постигнаа поголем успех на пазарот.
Honda мошне рано реагираше со хибридната технологија и ја понуди во своите возила приближно во исто време со Toyota, но не успеа да го постигне истиот успех. Во минатата година на европскиот пазар се продадоа само 4.500 примероци од Jazz со хибриден погон, додека Toyota постигна десетпати поголема продажба со својот Yaris Hybrid, со 50.000 примероци. Јапонската марка престана да ги нуди купето CR-Z и семејната комбилимузина Insight на европскиот пазар поради слабата продажба.
Моментно марката е посветена на воведувањето на новиот 1,6-литарски дизел во моделите од својата гама, но не ги заборава и хибридите. Една од причините за слабата продажба на Jazz Hybrid беше и вредноста на емисијата на СО2 од 104 g/km. Возилата со емисија под 100 g/km имаат повластици при купувањето и експлоатацијата во повеќето држави во ЕУ. За пример, хибридниот Yaris има емисија на СО2 од само 79 g/km.
Новата генерација на хибридниот Honda Jazz ќе има пониска емисија од 100 g/km и со тоа ќе се надмине пропустот со претходникот. Продажбата на новиот Jazz на јапонскиот пазар започна во минатиот септември, вклучувајќи и хибридна верзија, со погон случен со Toyota, односно со можност за самостојна работа на електромоторот и литиум јонски батерии со поголем капацитет. В година се очекува на европскиот пазар да пристигне и кросоверот HR-V, веројатно и во верзија со хибриден погон.
















