за ,

Honda на салонот во Токио: Малечко, практично, забавно

Минијатуризацијата е силна страна на Јапонците. Honda го докажува тоа со двата модела што ќе бидат прикажани на претстојниот салон во Токио.

Honda оди на минијатуризација. Јапонците ќе го прикажат својот прв мини теренец на салонот во Токио, а во исто време ќе го најават и идниот мини родстер во понудата. Со сериската верзија на концептот на спортски теренец што беше прикажан во почетокот од годинава во Детроит, Honda ќе им конкурира на моделите како Opel Mokka и Chevrolet Trax. Освен тоа дека техниката на малечкиот теренец ќе потекнува од Jazz, Јапонците не откриваат други детали околу возилото.

am_tm1310001L

Податоците се скромни и за студијата на мини родстер S660 Concept. Малиот двосед ја следи традицијата на отворената верзија на моделот Beat од 1990-те години. За погонот ќе бидат задолжени мотори со зафатнина меѓу 0,6 и 1,0 литар и турбонатполнење. Сериската верзија на моделот ќе стартува во 2015 година, а можно е тој да им се понуди и на европските купувачи. Цената би стартувала од околу 14.000 евра.

На салонот во Токио ќе бидат прикажани и хибридната верзија со надворешно полнење на Accord, студијата на микроавтомобил N-WNG, како и скутерот Dunk, наменет за домашниот пазар. Посетителите ќе можат да го видат и последниот степен на развој на идниот суперспортски модел NSX.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Кросоверот на Suzuki стартува од 14.990 евра

Романскиот Hummer е премногу моќен за оваа планета