Honda гради фабрика во Бразил

Јапонскиот производител на автомобили Honda ќе гради фабрика во Бразил. Во новите погони ќе се произведува моделот Jazz. Вкупната инвестиција е 320 милиони евра. Во изградбата на фабриката во Итирапина, на 200 километри од Сао Пауло, јапонскиот производител ќе инвестира вкупно 320 милиони евра, а погоните ќе отворат нови работни места за околу 2.000 лица.

Производството во новите погони ќе стартува во 2015 година со моделот Jazz, а потоа ќе следуваат и останатите варијанти од новата глобална серија на модели на Honda. Се планира годишна продукција до 120.000 возила. Honda веќе има изградено погон во Сумаре, исто така со капацитет од 120.000 возила, но тој до крајот на годината ќе биде пренаменет во центар за истражување и развој. Целта е да се развијат модели што ќе одговараат на локалните потреби и ќе придонесат за зголемување на продажбата на марката во Јужна Америка.

 

Претходна објаваШефот на Peugeot Citroen се пензионира за 20.000.000 евра?
Следна објаваНова серија краш тестови: Добро за патниците, лошо за пешаците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here