за

Gulf и McLaren склучија партнерство

Gulf и McLaren склучија партнерство
Gulf и McLaren склучија партнерство

McLaren и нафтената компанија Gulf Oil International потпишаа договор за долгорочна соработка. Двете марки со долга традиција во мотоспортот ќе го објават партнерството за време на трката за Големата награда на Велика Британија, во викендот од петок 31-ви јули до сабота 2-ри август. Возачите Ландо Норис и Карлос Саинц, како и комплетниот тим во боксовите и тркачките болиди ќе ги носат обележјата на Gulf.

Соработката меѓу двете марки во мотоспортот влече корени од 1968 година. Од неа произлегоа голем број успеси во формула 1 и во тркачката серија Канам до 1973 година. Партнерите победија на вкупно 40 трки. Во 1990 година започна нова децениска соработка, којашто донесе победа на Леман, со McLaren GTR 1, со славната светло сина и портокалова комбинација од бои.

Од следната година, Gulf ќе биде главен снабдувач со средства за подмачкување за McLaren. Логото на Gulf ќе се појавува на настаните на McLaren, а избрани клиенти ќе можат своите возила да ги лакираат во боите на легендарниот победник на Леман.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

peugeot 208 слаба продажба

Оперативната заработка на Peugeot SA опаднала за 85 проценти

Mercedes T-Class ќе биде семејна изведба на новиот Citan

Mercedes T-Class ќе биде семејна изведба на новиот Citan