Кинески Грејт Вол е прв производител што соработува во истрагата на ЕУ

Главното прашање за Грејт Вол, еден од само неколку кинески производители на автомобили во приватна сопственост, во моментов е дали својата прва фабрика за автомобили во Европа да ја изгради во Германија, Унгарија или Чешка.

Кинескиот автомобилски концерн Грејт Вол Мотор повика да се почитува чесна и отворена средина за тргување, откако формално одговори на прашањата што Европската Комисија им ги достави на производителите на електрични автомобили во Кина, како дел од истрагата за субвенциите од страна на државата.

Комисијата поведе истрага меѓу производителите на електрични автомобили во Кина, под сомневање дека властите во земјата масовно ги субвенционираат домашните производители, што води кон тоа кинеските електрични автомобили да имаат голема ценовна предност наспроти автомобилите што се произведуваат во Европа.

Грејт Вол – кај нас познат како производител на СУВ-возила од марката Хавал и на пикапите Стид – уште на 11-ти октомври ги поднел одговорите до Европската Комисија и прв производител на автомобили е што го направил тој чекор, кажува претседателот на компанијата, Му Фенг.

„Потребна ни е чесна и отворена средина за тргување“, порача Му во понеделникот на својот профил на друштвената мрежа Веибо. „Уверени сме дека ќе ја победиме конкуренцијата во светски размери.“

Господин Му кажа дека Европа е меѓу пазарите што се од клучна важност за Грејт Вол, додавајќи дека компанијата има големи планови во регионот. Компанијата започнала со постапка на избор на локација за фабрика во Европа, во којашто ќе се одвива целосен обем на активности, од производство, до продажба.

Грејт Вол во моментов разгледува дали својата прва европска фабрика да ја смести во Германија, Унгарија или Чешка, кажа Сиангџун Менг, претседател на европскиот огранок на компанијата.

Еден од ретките производители во приватна сопственост – покрај Џили, Би-Уај-Ди и Серес, за разлика од МГ, Чери и други компании што се под контрола на државата – на најголемите пазари во Европа го нуди електричниот модел од компактната класа Ора Фанки Кет, како и премиум модели под марката Веј. Според германската статистика, до септември годинава во земјата биле продадени 3.393 возила од марките Ора и Веј.

Уште во претходната генерација, Хавал Х6 покажа дека има многу материјал во оваа марка · Линк до тестот на моделот од втората генерација (2020)

Брисел месецов ја започна истрагата, којашто треба да доведе до одлука, дали Унијата да воведе повисоки царински давачки за елеткричните автомобили од Кина. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави тоа како мерка што ќе ги заштити регионалните производители, од напливот од евтини електрични автомобили од Кина, чијашто цена е неправедно пониска на пазарот во Европа, поради масивните субвенции што Кина им ги плаќа на домашните компании.

Истрагата ги опфаќа електричните возила што од Кина се извезуваат во Европа, како од кинеските прозиводители, така и од странските компании, вклучувајќи ги Тесла, БМВ и Рено.

Кина се пожали дека времето што ЕУ го поставила за консултации околу истрагата е „многу кусо“, наведувајќи дека недостигаат соодветни докази и дека потегот ги прекршува правилата на Светската Трговска Организација.

Европските прозиводители се во трка со Кина, за да постигнат поевтино производство на електрични автомобили, посебно со Би-Уај-Ди, Експенг и Нио, што понатаму ќе им овозможи и тие да продаваат помасовно на извозните региони.

Грејт Вол е осми најголем прозиводител на батериски електрични и приклучни хибридни автомобили во Кина во првите девет месеци.

Го следите нашиот видео канал на YouTube?

Претходна објаваОвој Мерцедес Арокс може да влече 1.000 тони
Следна објаваРафа Надал вози електрична Киа ЕВ9

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here