Тениската ѕвезда Рафаел Надал докажува дека е голем поборник за електричниот погон и во следниот период ќе го користи електричниот знаменосец на Киа, седумседот ЕВ9. Тоа е веќе втор електричен автомобил во возниот парк на Шпанецот, покрај ЕВ6.
Свеченоста што беше следена глобално се одржа во изложбениот центар ИФЕМА во Мадрид. Идејата на настанот беше да се соединат три икони: Рафаел Надал како спортски идол, Киа ЕВ9 како СУВ-модел со врвна технологија и тениското игралиште од сосем различен вид, означено како #TheIcon, коешто излегува од границите на традиционалниот тенис.
Киа уште од самите почетоци пред близу 20 години ја подржува кариерата на шпанскиот тенисер. Соработката со Надал денес се темели врз промовирање на мобилноста што е во согласност со животната средина. Рафа на настанот ги презеде клучевите од својата Киа ЕВ9 ГТ-Лајн во мат океанска сина боја.
Петметарскиот СУВ е предводник на трансформацијата на Киа во понудувач на одржливи решенија за мобилност,
За да ги постигнам сите овие пресвртници во мојата кариера, морав постојано да се развивам. Тоа единствениот начин да се напредува
Рафаел Надал
Тенисерот цени дека е „среќен што ја имам Киа како партнерка што го дели истиот став и ЕВ9 како последен чекор во развојот на марката во преоѓањето во водечки светски снабдувач со електрични возила“.
Исто како што Киа постојано воведува новини за целата бранша, така и тенискиот терен #TheIcon излегува од 148-години старата шема на традиционалното тениско игралиште и го пренесува во дигитална форма.
Надал, 22-кратен победник на Грен Слем, тестираше како работат неколкуте „модови на игра“ на необичното тениско игралиште и одигра натпревар против својот главен тренер, Карлос Моја.
Гостите на настанот #TheIcon појдоа на единствено патување преку тридимензионална проекција на ЕВ9. Тие можеа да влезат во виртуелната внатрешност на електричниот СУВ и на дисплеи од 360 степени да гледаат слики од необичната кабина на ЕВ9. Низ прозорците се гледаа слики од возбудливи пејзажи, со идеја да се укаже на способноста за менување на ЕВ9.
















