за

Goodyear претстави нова генерација на Eagle F1 SuperSport

Goodyear Eagle F1 SuperSport

Легендата од тркачките патеки, Goodyear Eagle F1, пристига во нова генерација којашто се состои од три класи гуми со „ултра ултра високи перформанси“. Новите Goodyear Eagle F1 SuperSport ќе бидат достапни во 39 димензии, со дијаметар од 18 до 21 инчи и ширина до 305 милиметри

Goodyear ја претстави новата генерација гуми со врвни спортски перформанси со легендарното име Eagle F1. Браншата ја води оваа категорија гуми како UUHP, односно гуми со ултра ултра високи перформанси (Ultra Ultra High Performance). Гамата се состои од три различни класи на гуми, кои се водат како Eagle F1 SuperSport, SuperSport R и SuperSport RS.

Патот на сопирање повторно е скусен, а скусено е и времето на круг на референтните тест-патеки на Goodyear. Возачот добива подобра повратна информација од подлогата на влегувањето во свијок, како и при сопирање. Големо влијание во развојот има искуството на Goodyear на тркачките патеки

Иако гумите се развиени првенствено за сув пат, постигнат е напредок и во возните својства на влажен пат, преку користење различни видови профили во газечката површина. Појасот од надворешната страна е оптимиран за суво, додека во средина има три сегменти, кои се оптимирани за влажно.

Goodyear Eagle F1 SuperSport

Goodyear Eagle F1 SuperSport_ed

Во периодот меѓу февруари и мај следната година ќе бидат дистрибуирани 25 димензии на Eagle F1 SuperSport, со дијаметар меѓу 18 и 21 инчи, ширина меѓу 205 и 305 милиметри и висина на профил од 45 до 30. Goodyear Eagle F1 SuperSport е наменет за спортски компакти, како Volkswagen Golf GTI, за лимузини со високи перформанси, како BMW M3 или Mercedes-AMG C63 и за суперспортски автомобили што имаат секојдневна практичност, како Porsche 911 Turbo.

Eagle F1 SuperSport R постигнува уште подобар контакт и прецизна управливост, на тркачка патека и надвор од неа. Подобрените својства произлегуваат од смешата со висока фрикција, но и од посебните мостови во внатрешниот појас, кои ја намалуваат дефирмацијата на блоковите во газечката површина под екстремно напрегање. Самиот профил гарантира и подобра распределба на притисокот врз патот.

Goodyear Eagle F1 SuperSport R

Goodyear Eagle F1 SuperSport R

Вкупно 10 димензии на Eagle F1 SuperSport R ќе се дистрибуираат меѓу февуари и ноември 2019, со дијаметар од 18 до 21 инчи, со ширина меѓу 205 и 305 милиметри и висина на профил од 25 до 40. Овие гуми се развиени за строго спортски модели, како Volkswagen Golf Clubsport, BMW M4 CS и Porsche 911 GT3.

Goodyear Eagle F1 SuperSport RS

Goodyear Eagle F1 SuperSport RS

Goodyear Eagle F1 SuperSport RS е најблиску до тркачките патеки, наменета да постигне врвни перформанси на тркачка патека, но сé уште легална во редовен сообраќај. Смешата што е специјално наменета за тркачка патека и сува подлога ќе се нуди во две димензии во март следната година: 265/35 ZR20 и 325/30 ZR21.

Водениот млаз ги оштетува гумите – при помалку од 30 сантиметри

Michelin бара да се тестираат и истрошени гуми

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 175/65 R14 T

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 205/55 R16 H

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen koncern prodazba

Volkswagen со 9,92 милиони продажби до ноември

Skoda новогодишни подароци

Вакви новогодишни подароци сакаат автомобилистите