за

Golf VII е веќе половина милионер

По една година од почетокот на продажбата, во следните денови ќе биде испорачан 500.000-от примерок од седмата генерација на Golf. Наскоро ќе стартува и продажбата на кинескиот и американскиот пазар.

Бројките од продажбата на Golf ќе продолжат да растат со стартот на комби изведбата Variant, како и со Golf Sportsvan кој доживеа премиера на салонот во Франкфурт. Во моделската понуда ќе влезат и изведбата со погон на струја E-Golf, како и моделот со хибриден погон.

Освен на матичниот пазар, Golf е најпродаван модел и во Белгија, Финска, Ирска, Хрватска, Луксембург, Австрија и Швајцарија, односно веќе со години е најпродаван автомобил во Европа.

Во последните дванаесет месеци Golf беше одликуван повеќепати. Кралот на компактите прво ја стекна титулата „Автомобил на годината во Европа“, а потоа и „Светски автомобил на годината“. Неодамна Golf триумфираше и на изборот во Јапонија, како прв автомобил од увозна марка со титулата „Автомобил на годината во Јапонија“, а ја доби и наградата „Златен волан“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Субвенциите ја качија продажбата на автомобили во Шпанија

Кинезите купуваат најмногу автомобили