Џенерал Моторс повеќе не произведува електрични возила

Џенерал Моторс, еден од трите големи производители на автомобили во САД, ја стави во мирување својата фабрика за електрични автомобили. Намерата беше Фактори Зеро да мирува одредено време, но тоа време истекува и повторниот старт е неизвесен.

Фабриката на Џенерал Моторс што е специјализирана за електрични возила, мирува уште од средината на март.

Фабриката за електрични автомобили на Џенерал Моторс, што се наоѓа меѓу Детроит и Хамктрамк, ставена е во мирување до 13-ти април. Работната сила што брои 1.300 лица, испратени се на привремен одмор. Во Зеро Фактори се произведуваа електричниот Шевролет Силверадо и Хамер ЕВ.

Џенерал Моторс уште пред мирувањето ја скуси продукцијата. Според податоците од компанијата, продукцијата уште тогаш беше преполовена.

Побарувачкaта за електрични автомобили во САД опадна дополнително по укинувањето на субвенциите

Одлуката беше донесена поради опаднатата побарувачка за електрични автомобили во САД. Главна причина за тоа е укинувањето на државните субвенции. Во септември заврши даночното ослободување во висина од 7.500 долари, што на граѓаните им го олеснуваше купувањето електирчно возило.

Пораснаа и трошоците за производството на електрични автомобили. Аналитичарите укажаа дека се сменети и пресметките на производителите. Поради тоа се презедоа зафати врз продукцијата и инвестициите.

Производителите ја сменија стратегијата

Покрај Џенерал Моторс, на новите услови реагираше и Форд. Дватра производители повторно им даваат предност на возилата со мотор со внатрешно согорување, посебно кај пикапите и СУВ, кај коишто и заработката е поголема.

Тоа повлече и други промени во Џенерал Моторс. Запрени се проектите за нови електрични модели, или истите се одложени. Тоа важи и за електричните доставни возила. Соодветно се извршени промени и во останатите фабрики.

Цените на енергијата внесуваат дополнителна несигурност

Друг фактор врз развојот на настаните се цените на енергијата. Војната на Блискиот Исток предизвика раст на цените на нафтата. Тоа ги поскапе трошоците за возењето. Купувачите се во голема неизвесност, за кој вид на погон да се решат. Променливите цени на горивата и на струјата, водат кон одложување на купувањето возило.

Аналитичарите предвидуваат дека тоа ќе трае извесно време.

Претходна објаваТојота РАВ4 стартува со продажба во својата 6-та генерација
Следна објаваПРЕМИЕРНО ПРЕТСТАВЕН Geely Starray EM-i – Super Hybrid ВО СКОПЈЕ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here