(Соопштение за јавност, Делфино Мобилити Груп) Настанот обедини автомобилски ентузијасти, медиуми, соработници и пријатели на Delfino Mobility Group, создавајќи промоција исполнета со стил, енергија и инспирација.
Промоцијата доби уникатен креативен пристап преку актерска лајф изведба на Антонио Ташковски (1covek) и Александар Михајловски (sin na majka), кои преку своите впечатливи алтер-его ликови ја доловија приказната за новиот модел. Воедно, беше најавена и нивната соработка како официјални промо лица на Delfino Mobility Group.
Новиот Starray EM-i носи напредна плаг-ин хибридна технологија, комбинирајќи 1.5 литарски бензински мотор со електромотор и батерија од 18.4 kWh. Овој спој овозможува електрична автономија до 83 километри, додека вкупниот досег достигнува речиси 950 километри и со комбинирана потршувака од 2.4 л на 100 км. Забрзувањето до 100 km/h за само 8.1 секунди дополнително ја нагласува неговата динамичност.
Покрај перформансите, моделот се издвојува и со богата опременост и висок степен на комфорен кожен ентериер, седишта со греење и вентилација, премиум аудио систем и целосно дигитализирана кабина. Безбедноста е на највисоко ниво, потврдена со максимални 5 ѕвездички на Euro NCAP тестирањата.
Во рамки на актуелната роденденска кампања на Geely во Македонија, заинтересираните купувачи имаат можност да искористат попуст до 5.000 евра.
Настанот уште еднаш потврди дека Geely успешно ја спојува иновацијата со емоцијата создавајќи автомобили и искуства што оставаат впечаток.
















