General Motors отпушта две илјади работници во САД

Намалената продажба на неколку важни модели е причината General Motors да отпушти 2.000 работници од своите фабрики во САД од почетокот на следната година.

Од фабриките на General Motors во Охајо и Мичиген ќе бидат отпуштени две илјади работници од почетокот на следната година. Во овие фабрики се произведуваат моделите Camaro и Cruze на марката Chevrolet, чијашто продажба драстично се намали во изминатиов период.

По неколкугодишен раст во продажбата на автомобили на американскиот пазар, кој е втор најголем пазар на глобално ниво по кинескиот, во последните три месеци бројката на продадени автомобили бележи постојан пад.

Претходна објаваТурската фабрика на Toyota стартуваше со производство на C-HR
Следна објаваПродолжува зголемувањето на продажбата на Audi во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here