Џили место Форд во фабриката во Шпанија

Форд ќе го спасува своето производство во Европа со помош на кинески Џили. Двете компании водат преговори за соработка во производството во Европа. Намерата е заедничко користење на технологии и фабрики, заради скусување на трошоците.

Куга е единствениот преживеан модел на Форд во фабриката во Шпанија. Една од фабричките хали отсега е во сопственост на Џили.

Главната точка во преговорите е Џили да ги користи фабриките на Форд во Европа и да произведува свои возила за локалните пазари, наведуваат извори. Според лице што е упатено во преговорите, изборот веројатно ќе падне на фабриката на Форд во Валенсија, Шпанија.

Овој чекор ќе му овозможи на Џили да произведува возила во Европската Унија и со тоа да ги избегне дополнителните царини што се воведени за увоз на електрични автомобили од Кина.

Форд и Џили исто така разговарале околу можноста да користат заеднички технологии за своите возила, вклучувајќи автопилотирано возење, наведуваат извори. Во моментов, повеќе е напредувано во насока на договорот, за Џили да добие можност да произведува во фабриките на Форд во Европа, отколку што е напредувано во останатите подрачја за коишто се преговара, додаваат изворите.

Форд неодамна испратил делегација во Кина за да се договорат поединостите, по средбите што се одржале во Мичиген, меѓу високи претставници на Џили и раководството на Форд.

Кинеските производители вложуваат напори за да започнат со производство на своите возила во ЕУ и да ги снабдуваат локалните пазари.

ЕУ лани воведе дополнителни царини за увоз на електрични возила од Кина, коишто достигнуваат 37,6 проценти, како заштита од субвенционирањето на домашните производители на ЕВ од страна на Пекинг, што им овозможи да ги продаваат своите возила по пониска цена. Доколку Џили почне да произведува во
фабриката на Форд во Шпанија, веројатно ќе ги избегне царините.

Џили ќе се придружи на останатите марки што произведуваат автомобили во Европа

Неколку кинески компании веќе направија чекори во насока на производство на своите возила во Европа.

Липмотор ќе произведува во фабриката на Стелантис во Шпанија, додека марките Шаопенг и ГАЦ ќе ги произведуваат своите возила во фабриката на Магна Штајер за производство по налог во Грац, Австрија. Чери монтира возила во поранешната фабрика на Нисан во Барцелона, Шпанија.

Би Уај Ди годинава отвора фабрика за монтажа во Унгарија, додека МГ уште бара фабрика во Европа.

Форд во моментов произведува само еден модел во Валенсија, тоа е компактниот СУВ-модел Куга. Лани од овој модел се продадоа 98.376 возила во Европа.

Рено исто така ќе му помага на Форд

Форд неодамна постигна договор со Рено, со којшто Французите ќе произведуваат два електрични модели за Форд, со користење на техниката од Рено 4 и Рено 5.

Претходна објаваНово во салон: Клио навистина е Ренолуција
Следна објаваДонгфенг прв ќе донесе електричен модел со продолжувач на досег на македонскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here