за

Електро тротинети за изнајмување се добри за чист воздух во градовите

Помагаат ли електричните тротинети и велосипеди, за емисијата на штетни материи во градовите да се намали?

Познатиот институт Фраунхофер, на барање од американската компанија Lime, истражуваше дали електричните тротинети и велосипеди, што се нудат за краткотрајно изнајмување, навистина се делотворни во намалувањето на загаденоста во градското јадро.

Иако услугата за краткотрајно изнајмување на електричните тротинети и велосипеди одамна е достапна и масовно е прифатена во бројни градови ширум светот, малку се знае за нивното влијание врз животната средина. Германскиот институт Фраунхофер, што е ценета адреса во светот, со бројните студии спроведени низ годините, се впушти во потрага по нови сознанија во шест градови. Во Берлин, Диселдорф, Париз, Стокхолм, Мелбурн и Сиетл се испитуваше, колку овие т.н. средства за микромобилност се делотворни за да се намали загаденоста на воздухот со штетни материи од сообраќајот.

Институтот разви прашалник, што потоа го дистрибуираше нарачателот на студијата, американската компанија за изнајмување велосипеди и тротинети со погон на струја Lime. Во студијата се разгледуваа одговорите од 4.167 корисници.

Резултатот: Јавно достапните електрични тротинети и велосипеди од најновата генерација, можат да помогнат за намалување на вкупната емисија на стакленички гасови во градовите во студијата. До резултатот се дојде преку одредување на разликата меѓу емисијата по поминат километар по човек со јавните електрични возила за микромобилност и емисијата со сообраќајното средство, што граѓаните би го користеле, доколку немаат на располагање јавно достапни тротинети и велосипеди за краткотрајно изнајмување.

Секако дека разликата зависи од видот на превозното средство што граѓаните го заменуваат со возилата за микромобилност. Најголема разлика има при преоѓање од такси превоз, на пример Uber, како и при преоѓање од приватен автомобил на е-тротинет или е-велосипед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bay Area Bushman (@bayareabushman)

За да бидат уште поголеми предностите од користењето возила за микромобилност, др. Клаус Дол, експерт за мобилност на институтот Фраунхофер и коавтор на студијата, има неколку препораки за индустријата, компаниите што нудат микромобилност и градските планери. Тој порачува индустријата да го зголеми векот на користење на возилата, да се намали емисијата на СО2 при производството преку еко-системи, како и преку партнерства да се поттикнува замената на такси-превозот, заедничкиот превоз во едно возило и користењето сопствено возило, со средства за микромобилност што не испуштаат штетни материи.

Дол понатаму препорачува „понудувачите на услуги и градските планери, заеднички да разработуваат подобра врска меѓу микромобилноста и јавниот превоз.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рекорд за автобусите од Daimler: Лисабон доби 864 нови автобуси

Suzuki ќе користи двостепен менувач во својот електричен модел