за

Рекорд за автобусите од Daimler: Лисабон доби 864 нови автобуси

Рекордната нарачка за Daimler Buses дојде од Лисабон. На приградските линии околу португалската престолнина се пуштени уште 864 автобуси.

Daimler Buses доби една од најголемите нарачки во својата историја и победи на еден од најголемите тендери во Европа во 2021 и 2022 година. Во приградското подрачје на Лисабон, превозот на патници до и од градот го преземаат 864 автобуси од марката Mercedes-Benz.

Испораката на возилата започна уште во 2021 година, кога во португалската престолнина пристигнаа првите 111 автобуси. Кон завршетокот на декември лани беше испорачан и последниот автобус. Мирко Жгода, директор за продажба, маркетинг и сервисирање на Daimler Buses, кажува: „Рекордната нарачка од Португал за 864 автобуси Mercedes-Benz е огромен успех за Daimler Buses и историско достигнување за EvoBus Portugal“.

Нарачката од Португалија опфати 633 нископодни автобуси Mercedes-Benz Conecto, 157 приградски автобуси Mercedes-Benz Intouro и 50 компактни нископодни автобуси Mercedes-Benz Citaro K, како и четири автобуски шасии Mercedes-Benz OC 500. Налогот го комплетираат 20 минибуси врз база на Mercedes-Benz Sprinter.

864 автобуси за половина дузина компании за превоз на патници

Daimler Buses им ги испорача 864-те автобуси на компаниите за јавен превоз
Alsa Todi (154 возила) и на Barraqueiro Transportes (710 автобуси), како предводници на козорциумот, во којшто влегуваат и Scotturb, Viac͂ao Alvorada, Rodoviária de Lisboa и Vimeca. Alsa и Barraqueiro се најголеми автобуски компании на иберискиот полуостров. Во нивниот возен парк, со повеќе илјади автобуси, најчесто се застапени автобуси од Daimler Buses.

Поширокото градско подрачје на Лисабон, покрај португалската престолнина, опфаќа уште 18 општини. Со близу три милиони жители, во регионот живее речиси третина од португалското население. Тоа е воедно и економски најмоќниот регион во земјата.

Со масивната нарачка значително се обновува возниот парк во регионот. Во тендерот не се опфатени самото градско подрачје на Лисабон, Бареиро и Кашкаиш на брегот на Атлантикот.

А, превозот во самиот град Лисабон е…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisboa Secreta (@lisboasecreta)

и…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Portugal News (@theportugalnews)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

peugeot 208 - Витолиште, Мариово

Peugeot 208 најпродаван модел во Европа во 2022, Tesla Model Y во декември

Електро тротинети за изнајмување се добри за чист воздух во градовите