Франција потроши стотици милиони за поправка на брзинските камери што се оштетуваат секој ден

Долж патиштата во Франција се поставени околу 4.700 радари за мерење на брзината. Но, постои можност да се мине неказнето ако се вози пребрзо, затоа што една на секои пет камери не работи.

Во Франција масовно се оштетуваат радарите за мерење на брзината. Тоа дури прерасна и во национална забава во земјата. Во последните десет години, имало вкупно 49.000 случаи на оштетувања на уредите.

Вандалите во Франција секој ден во просек оштетувале по 13 камери, со премачкување, кршење или дури палење. Француските власти велат дека тоа е „упорен вандализам“.

Камерите се омилени при демонстрациите и протестите. Вандализмот го достигна врвот за време на протестите на жолтите елеци во 2018 и 2019 година, како и при блокадите на патиштата од страна на земојделските работници.

Една камера чини 200.000 евра

Поправките на овие штети и замените на трајно оштетените уреди ја чинеа француската влада 177 милиони евра во последните десет години. Една современа камера за мерење на брзината, чини 200.000 евра.

Французите се незадоволни од поставувањето на камерите и возачите често пати во своите коментари и изјави оценуваат дека се чувствуваат како „крава за молзење“. Најголемото здружение на возачи во земјата ЛДЦ, направи анкета воочи локалните избори. Над 90 проценти од испитаниците одговориле дека нема да гласаат за тој градоначалник што ќе се заложи во нивната опптина да се постават радарски контроли.

Властите напоменуваат дека радарските контроли спречуваат гинење на патиштата

Француската влада нагласува дека камерите се поставени заради безбедбност. „Една на секои три незгоди е предизвикана од прекумерна брзина или неодговорно возење,“ соопштуваат полицајците.

Здружението ЛДЦ е со став дека поставувањето нови камери нема да ја подобри безбедноста и „подобро е да се позанимаваат со квалитетот на патиштата“ во земјата. Според застапниците на возачите, во 30 проценти од фаталните незгоди, вината е во квалитетот на патиштата и во инфраструктурата.

Во Франција во 2024 година биле изречени 14,1 милион казни, откако камерите регистрирале пречекорување на брзината.

Во улога на вандали се појавуваат и неочекувани профили на луѓе. Таков пример е 78-годишникот, којшто по одземањето на возачката дозвола, зел балон со боја да го фрла кон радарот покрај патот.

Некои камери се повредни од другите. Посебно е озлогласена камерата во близина на Монпеље, на југот на земјата, на патот РН109. Таа честопати пријавува над илјада пречекорувања на брзината, односно во просек по едно на секои 85 секунди. Ограничувањето се менува брзо, од 130, на 110, па на крајот на 90 км/ч. А, таму чека камера.

Безбеден град нé заштити од теророт во сообраќајот, од фанатизмот допрво

Претходна објаваФиат 600 Спорт · Тест · Како Фиќо со пет врати
Следна објаваНашиот ценет колега Агрон Сулејман погребан денес на градските гробишта Бутел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here