Новиот Ford Transit Connect е лесно доставно возило во сегментот со носивост до еден тон, а основата му потекнува од компактот Focus. Стартот на продажбата е најавен за првиот квартал од 2014.
Моделот има целосно нова конструкција и обединува дизајн и комфор на автомобил со многустраност на издржлив транспортер за професионална примена. Гамата ќе се состои од изведбите фургон и комби, обете во верзија со нормално и продолжено меѓуоскино растојание. Стартот на продажбата во Европа е поставен за првиот квартал од следната година.
Особености на моделот се преграден ѕид зад кабината, со отвор за долги предмети, двојна клупа кај фургонот, како и широка странична врата кај продолжената каросерија. Совозакото седиште се соборува и служи како работна масичка, а ако истото се подигне се добива пристап до голем простор за одлагање. Со соборување на совозачкото седиште може до просторот за нозе да се протнат предмети долги до 3,4 метри, односно три метри во станардната верзија.
Понудата на мотори опфаќа еден дизел и два бензинци со директно впрскување. Туербодизелот од 1,6 литар постигнува 75, односно 115 КС, додека бензинците имаат 100 КС или 150 КС. Кај обата бензинца се работи за мотори од генерацијата Ecoboost, односно првиот е познатиот еднолитарски мотор, актуелен носител на титулата светски мотор на годината. Производството е во Валенсија, Шпанија, а цената на европскиот пазар ќе стартува од помалку од 15.000 евра.