за

Ford ги ангажира Флафи и Спот во фабриката во Дирборн

Ford ги ангажира Флафи и Спот во фабриката во Дирборн
Ford ги ангажира Флафи и Спот во фабриката во Дирборн

Ford во фабриката во Дирборн/Мичиген, експериментира со четириножни роботи, кои се движат слично како пес. Тие можат да скенираат во 360 степени, да совладаат нагорнина до 58 проценти, а качувањето по скали за нив е лесна вежба.

Роботите тешки триесетина килограми се дел од пробниот проект на Ford, којшто има за цел во иднина да се скусат трошоците и времето, како и управувањето со производствените погони да се направи поефикасно.

Флафи и Спот се роботи изнајмени од Boston Dynamics. Двата роботи ќе го минат својот приправнички стаж во фабриката за менувачи Ван Дајк. Тие ќе го скенираат подот на фабриката и ќе испорачуваат податоци до инженерите. Четириножните роботи можат да се движат до два часа со брзина до пет километри на час.

Времетраењето на скенирањето на подот на фабриките се скусува за половина. Вработените претходно мораа постојано да поставуваат стативи и да нарачуваат ласерско скенирање. Вообичаеното скенирање чини околу 300.000 долари и многу е поскапо отколку да се користат роботи.

Доколку пробниот проект се покаже успешен, Ford планира сите фабрики да ги снабди со роботи, со цел да се забрза скенирањето. Притоа ќе се користи и далечинско управување, преку апликација за таблет. Роботите моментно поседуваат три програми за движење, од прошетка до качување по скали. Роботите самостојно се ориентираат и одржуваат безбедно растојание од предметите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda Jazz e-hev salon skopje

Хибриден Џез во салонот на Хонда

peugeot 208 слаба продажба

Оперативната заработка на Peugeot SA опаднала за 85 проценти