Ford во првите десет месеци продаде преку 230.000 возила на германскиот пазар или за 10% повеќе отколку во истиот период лани. Во споредба со пазарниот просек, марката бележи трипати поголем раст во продажбата. Продажбата последен пат била толку висока во 2002 година.
Ford продолжува да напредува на германскиот пазар. Од почетокот на годината, на најголемиот автомобилски пазар во Европа се продадени 233.689 патнички автомобили на Ford, што претставува зголемување од 10,4 проценти во споредба со првите десет месеци лани. Во споредба со просечниот раст на пазарот, од 3,4 проценти, Ford напредува трипати подобро. Тоа донесе највисока продажба за марката на германскиот пазар по 2002 година (со исклучок на 2009, кога важеа субвенциите за замена на старите автомобили).
Најголема заслуга за растот имаат моделите S-MAX (+43,2%), Ford Focus (+24,6%) и EcoSport (+24,1%). Апсолутен рекорд има кај доставните возила. До октомври, во земјата се регистрирани 45.911 возила во овој сегмент.
Вкупната продажба на автомобили и доставни возила до октомври достигна 279.000 возила, што е највисок резултат по 1999 година.

















