Мотор V8 од Ford Mustang за в дневна соба

motor v8 ford mustang sostavuvanje kit
motor v8 ford mustang sostavuvanje kit

Издавачката куќа Franzis извесно време постигнува пристоен успех со китовите за составување на мотори од легендарни автомобили. Новиот кит ќе ги израдува љубителите на Ford Мustang и воопшто на моторите V8.

Љубителите на автомобилската техника нема да го пропуштат новитетот што германската издавачка куќа Franzis овојпат го има во понудата од китови според мотори од легендарни автомобили. Станува збор за кит за составување на мотор V8 од Ford Mustang, кој е официјално признаен од американскиот производител. Китот за составување верно го следи примерот од моторот на Ford Mustang од 1960-те години. Китот е во размер 1:3.

Како пример за моторот служат познатите моделски изведби K-Code, кои се произведуваа меѓу 1965 и 1967 година, како најсилни изведби на Ford Mustang. Китот се составува едноставно со детален приказ, чекор по чекор, при што секоја одделна фаза е придружена со илустрација. На тој начин се овозможува моторот да го состават и помалку искусните во ова популарно подрачје за хоби-мајсторите. По неколку часови се добива мотор со подвижни компоненти, во проѕирен блок и глава на моторот.

Сите делови се движат како кај вистинскиот пример и се составуваат без потреба од лепило. Китот за составување се состои од околу 200 делови. По составувањето се добива мотор со димензии 26,7 х 19,4 х 27,1 санитметри.

Прирачникот на 104 страници е испечатен на германски и англиски јазик, вклучувајќи фотографии и дополнителни информации за најпознатиот „пони“ автомобил во историјата.

Китот за составување на мотор V8 од Ford Mustang е наменет за возраст над 14 години. За „работа“ на моторот се потребни три батерии од тип AA од 1,5 волт. Комплетот може да се нарача во мрежата на Franzis или кај договорните продажни партнери, по цена од 179 евра.

 

 

 

Претходна објаваPeugeot ги објави цените за своите хибриди: 50.000 евра за 3008 Hybrid4
Следна објаваTesla Model 3 во Холандија се продава подобро од Volkswagen Polo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here