за

Во Белгија рекорден собир на 1.326 примероци од Ford Mustang

Во Белгија рекорден собир на 1.326 примероци од Ford Mustang
Во Белгија рекорден собир на 1.326 примероци од Ford Mustang

Сопственици на Ford Mustang од цела Европа одржаа собир на патеката за тестирање на Ford во белгискиот Ломел. По патеката возеа 1.326 примероци од американското спортско купе.

Новиот светски рекорд брои 1.326 возила на собир на Mustang, далеку над досегашниот рекорд што беше поставен во 2017 година, со 960 возила собрани на едно место во Толука, Мексико. Вообичаено за собирите на „пони-автомобилот“ и верно на култниот статус што моделот го ужива на сцената, во Ломел пристигнаа возила од сите генерации на Ford Mustang, од 1964 година наваму.

Во Белгија се продаваат повеќе примероци од Ford Mustang по глава на жител отколку во која било друга земја во Европа. Тоа даде дополнителна симболика, за тест-патеката Ломел да биде избрана како локација за одржување на големиот собир. Во 55-та година од почетокот на производството, Ford Mustang четврти пат е најпродавано спортско купе во светот.

View this post on Instagram

It’s going well! 🐎

A post shared by Ford Belgium (@fordbelgium) on

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai i30 N Project C

Hyundai i30 N со фабрички тјунинг во само 600 примероци

London Taxi Frankfurt

Франкфурт ќе стане втор дом на лондонското електрично такси