Ford Mustang се качи на највисоката зграда во светот

Американците денес го претставија новиот Mustang на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи. Со овој чин Ford официјално стартува со понуда на своите модели во регионот на Средниот Исток и Африка.

Од годинава, американскиот концерн Ford започнува со работа во регионот на Средниот Исток и Африка, во чијшто рамки влегуваат 67 пазари во Северна Африка, супсахарската Африка, Јужна Африка и Средниот Исток. Браншата очекува пазарот во овој регион да порасне за 40 проценти до 2020 година, постигнувајќи волумен од 5,5 милиони возила. Ford ќе го покрива овој пазар со вкупно 25 модели коишто ќе бидат комерцијализирни до 2016 година, вклучувајќи го и новиот Mustang. Според овие планови, наскоро ќе започне продажбата на Focus, Fusiоn и на престижниот Lincoln MKC, заедно со воведување на технологиите EcoBoost, Sync, MyKey и воздушни перници што се интегрирани во безбедносниот ремен.

https://www.youtube.com/watch?v=nlX6mmYt908

Тим од шест инженери од американскиот Дирборн го качи Mustang на Бурџ Калифа. За таа цел, возилото беше расклопено на шест делови, коишто со лифт беа качувани до 112-от кат. Опцијата за качување со хеликоптер отпадна. За составувањето на Mustang на вртоглава висина беа потребни околу дванаесет часови. Пра-правнукот на основачот на автомобилскиот гигант, Бил Форд, лично го постави легендарното лого на Mustang на возилото.

Првиот Mustang пред 50 години исто така беше качен на Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк, за неговата светска премиера. Качувањето на новиот Mustang на Бурџ Калифа во Дубаи, моментно највисокиот објект во светот, ја симболизира глобалната ориентација на Ford, следејќи ја визијата на Хенри Форд, автомобилот да биде достапен за сите.

Претходна објаваVolkswagen инвестира 85,6 милијарди евра во нови модели и фабрики
Следна објаваНовиот Volkswagen Passat стартува од 22.900 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here