Ford Focus RS ќе добие уште поекстремна верзија, се враќа RS500

Стандардната изведба на спортскиот Focus RS уште не почнала да вози, а веќе е извесно дека Ford подготвува и екстремна верзија по пример на последниот RS500. Тоа дефинитивно ќе ја зацврсти позицијата на Focus како најбрз компакт.

Супербрзиот Focus RS ќе добие уште една инекција на моќност, но ќе има и дополнително олеснување на каросеријата и ентериерот, со што тежината ќе се намали и до 100 килограми. Четирицилиндарскиот турбобензинец од 2,3 литри во Focus RS извлекува спектакуларни 350 КС, а специјалната верзија би можела да отиде и до 400 КС. Во комбинација со намалената тежина, тоа би значело дека RS ќе биде меѓу најбрзите компакти во историјата.

2010 -  Focus RS500
2010 – Focus RS500

За историјата на моделите RS прочитајте повеќе тука.

Уште е неизвесно кога специјалната верзија ќе се појави во продажба. Стандардниот Focus RS уште не стартувал, така што неговата уште поекстремна изведба сигурно нема да се појави пред 2017 година.

Моделот ќе биде духовен наследник на Focus RS500, кој со 350 КС беше значително посилен од RS со 305 КС и се произведе во серија од само 500 примероци.

Претходна објава54 години стар Jaguar E-Type потеран до крајни можности
Следна објаваМадрид е 31-от град со евтината шема за изнајмување возила Car2go

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here