Ова е година на марката под логото на модрата слива. Ford повторно го има најдобриот мотор, а веројатно ќе го има и најпродаваниот модел на светот – повторно.
Ford Focus беше најпродаван модел во минатата година, а според последните официјални податоци, кои се однесуваат на првиот квартал од 2013, големи се изгледите тој да ја задржи првата позиција и во оваа. Продажбата за првиот квартал е за 18 проценти повисока отколку во истиот период лани.
Според статистиките, до 31-ви март се регистрирани 288.724 примероци од Focus во светот. За големиот раст придонесоа клучните пазари, како Велика Британија, Бразил и Кина. На најголемиот пазар во светот, Кина, во првиот квартал се регистрирани 104.065 примероци од Focus, што претставува раст од 153 проценти во однос на првите три месеци од 2012 година.
Со цел да се задоволи растечкиот интерес за Focus, Ford ги зголеми производствените капацитети во своите фабрики низ светот. Во минатиот месец, Focus почна да се произведува и во Пачеко, Аргентина. Компактниот модел на Ford моментно се произведува во девет фабрики на четири континенти. Фабриките во Германија, САД, Русија, Кина, Тајланд, Виетнам, Тајван и Аргентина имаат вкупен производствен капацитет од 1,5 милион примероци на Focus на годишно ниво, со динамика на производство од повеќе од две возила во минута.