Ford Fiesta го замени Golf на првото место во продажбата

Непосредно пред пристигањето на новата генерација, Fiesta го постигнува својот најголем триумф на европскиот пазар. Малечкиот Ford е најпродаван модел во март. Тоа меѓу другото е резултат од големите дилерски попусти што вообичаено следуваат пред секоја генерациска смена.

Ford Fiesta е најпродаван модел во Европа во март, со 47.000 продадени примероци. Напредува и целата марка. Во третиот месец Ford има продадено 199.900 возила или за 14% повеќе отколку во истиот месец лани, со што марката е на второто место во Европа, само зад Volkswagen. Притисокот е огромен за новата генерација на Fiesta, којашто летово ќе се појави во продажните салони.

Повеќе од две третини од возилата продадени во март се во поскапите нивоа на опрема, со учество на топ-нивото Titanium од дури 17 проценти. Според Ford, продажниот успех на Fiesta е заслужен и за историскиот рекорд од 1,93 милион автомобили што европскиот пазар го постигна во март. Европа сега е втор најголем пазар во светот, на местото на САД, но далеку зад Кина.

Ford во март продаде вкупно 199.900 возила или за 14% повеќе отколку во истиот месец лани. Патничките автомобили учествуваат со 156.200 примероци (+16%). Со овој пораст, Ford се најде на второто место на најпродавани марки во Европа, со удел од 9,2 проценти.

Од петте најголеми пазари за автомобили во Европа – Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија – најголем поттик за продажбата на Fiesta пристигна од Шпанија, кадешто моделот забележа раст од дури 97 проценти.

Новата Fiesta пристига на пазарот летово, во четири различни верзии, вклучувајќи ги Titanium, спортската ST-Line и престижната Vignale. Во почетокот на следната година следува и кросоверот Fiesta Active, како и Fiesta ST со 1,5-литарски трицилиндарец со 200 КС.

Претходна објаваPorsche 911 GT3 за дванаесет секунди побрз на Нирбургринг
Следна објаваМонако ги празнуваше најскапите и најбрзите автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here