Ford Fiesta ST со 200 КС пристига на салонот во Женева

Ford на швајцарскиот салон ќе ја претстави новата спортска изведба на Fiesta, со 200 КС, забрзување до сто за 6,7 секунди и ексклузивна комбинација од бои и опрема.

На Ford очигледно му годи популарноста на Ford Fiesta, којашто во континуитет ја држи првата позиција во продажбата во сегментот. Како награда за успехот, Германците ќе ја крунисаат моделската серија со нова спортска изведба на база на Fiesta ST, со десет проценти поголема моќност и 20 проценти повисок вртежен момент.

ford fiesta st200 (7)Како најсилна сериска верзија во историјата на моделот, Fiesta ST200 забрзува до сто за 6,7 секунди и поседува неколку ексклузивни „детали“, како мат црни бандажи од 17 инчи, повеќе опрема и сето тоа спакувано во каросерија лакирана во „storm grey“. Производството ќе стартува во јуни, а пред крајот на летото ќе следува и почетокот на испораката на Fiesta ST200.

Моделот е препознатлив и по црвените сопирачки клешти, спортските седишта Recaro во комбинација од кожа и штоф, штепувани со сребрен конец, како и безбедносните ремени со сребрени детали.

Стандардниот мотор од 1,6 литар, во ST200 испорачува дополнителни 15 КС и 30 њутнметри во времетраење до 15 секунди, преку краткотрајно зголемување на притисокот на турбонатполнењето. Преносниот однос во диференцијалот е скусен од 3,82 на 4,06, со што се добива уште посуверено забрзување и секако поголемо уживање во спортското возење. Крајната брзина е 230 километри на час.

Заедно со тоа следуваат и модификации во подвозјето, со соодветно дотерување на контролата на стабилноста, посебна изведба на сферичните зглобови за управувањето и покрута задна оска, нови пружини напред и назад што ја спуштаат каросеријата за 15 милиметри, подиректно управување и поголеми сопирачки дискови назад.

Ford ја претстави Fiesta ST во 2013 година, со 182 КС и 240 њутнметри од 1,6-литарскиот мотор од генерацијата EcoBoost. Оттогаш се продадоа 30.000 примероци од моделот на европскиот пазар, од кои дури 19.200 на британскиот пазар.

Претходна објаваХибридната изведба ѝ ја враќа славата на Toyota RAV4
Следна објаваБројот на електрични автомобили во светот се зголеми на 1,3 милион

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here