Корисниците на Avis уште годинава ќе ги искусат предностите од дигиталното вмрежување на рентакар возилата на Ford. Изнајмувањето е поедноставно и се врши целосно преку мобилна апликација, а вмрежувањето е добро и за управувањето со возниот парк.
Avis Budget во оваа и во следната година ќе вмрежи дигитално околу 14.000 возила на Ford во својот возен парк во Европа. Вмрежувањето ќе овозможи изнајмувањето на возилата да се изврши целосно преку мобилна апликација, вклучувајќи избор на видот на возилото, додавање опции или продолжување на користењето на возилото. Враќањето на возилото исто така ќе се врши автоматски, со помош на паметен телефон.
Вмрежените возила ќе пренесуваат телеметриски податоци во реално време, меѓу кои километражата, количината на гориво во резервоарот или условите за изнајмување. Тоа ќе овозможи операторите на Avis побрзо да ги исполнуваат барањата на корисниците.
Ford ќе ја вгради потребната техника во повеќе од 4.000 возила до крајот на годинава, за в година тоа да следи кај уште 10.000 возила на Ford во возниот парк на Avis во Европа. Партнерството меѓу двете компании донесе и потпишување на догтовор за испорака на 35.000 нови возила на Ford за возниот парк на Avis во САД.
Телематските услуги се базираат врз „Transportation Mobility Cloud“ (TMC) од Autonomic. Станува збор за отворена платформа што овозможува безбедна размена на податоци меѓу модемите во возилата. Целиот процес се поедноставува со тоа што возилата на Ford фабрички се испорачуваат со техника за вмрежување.