Ford ја пронајде најстарата Fiesta во Македонија

Во салонот на Ми-Да Гранд Моторс Македонија денес беше презентирано најстарото возило Ford Fiesta во Македонија, во сопственост на скопјанецот Бојан Тодороски. Изборот на најстарото возило од овој модел, според Дритон Заири, директор на компанијата Ми-Да Гранд Моторс, е дел од единствената кампања Потрага по најстарата Фиеста во Македонија.

„При оваа потрага запознавме многу наши верни клиенти од најразлична возраст, пол, професија и слично. Но, наша цел беше да ја најдеме токму најстарата Fiesta во Македонија и успеавме во тоа. На најстарата Fiesta засега не правевме никакви корекции за да ја задржиме нејзината автентичност. Од утре, овој автомобил, ќе влезе во нашиот сервис за лимарија и во механичкиот сервис и за околу 40 дена, ќе ја претставиме најстарата Fiesta во ново руво“, рече Заири.

Сопственик на најстарото возило Fiesta, триесетгодишниот Бојан Тодороски, ја пренесе својата лична приказна и соживувања со овој вреден јангтајмер, кој веќе три децении се наоѓа во семејството: Како љубител на олд тајмери особено сум среќен што ‘мојата прва љубов’ и возилото со кое учев да возам ќе доживее разубавување, подмладување и враќање во првобитната состојба, благодарение на тимот на Форд, МиДа Гранд Моторс.

https://www.facebook.com/FordMacedonia/posts/10154877174159529

Моментно се произведува шестата генерација Ford Fiesta, која стартуваше во 2008 година и според Кирил Утевски, продукт менаџер во Ми-Да Гранд Моторс, „Fiesta е вистински репрезент на идејата и филозофија на Хенри Форд, кој сакал автомобилот да биде достапен за секој човек и истовремено, да претставува уживање при возењето.“ Ford Fiesta е најпродаван модел во својата класа на европскиот пазар, но и во Македонија, што очигледно се должи на активноста на тимот во Ми-Да.

Повеќе од едномесечна потрага по најстарата Fiesta во Македонија

Потрагата по сопстеникот на најстарата Ford Fiesta траеше повеќе од еден месец и секој што поседува вакво возило, се пријавуваше на официјалната Facebook страница на Ми-Да Гранд Моторс со лични податоци, податоци за возилото и фотографија од. Ми-Да Гранд Моторс додели симболични награди за сите што учествува во кампањата.

Новата генерација Ford Fiesta веќе е најавена за следната година. Македонија се вклучи во глобалното одбележување на јубилејот „40 години Ford Fiesta, преку организирање на кампањата „СЛАВИМЕ FEISTA“, која досега е продадена во околу 17 милиони примероци. Ова возило е најпродавано мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот.

Претходна објаваGoogle бара помош од автопроизводителите за својот роботски автомобил
Следна објаваЕвропскиот пазар на автомобили со најголем пораст по 2007 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here