Ford го зголеми производството на Fiesta на 1.850 возила на ден

Во фабриката на Ford во Келн се произведуваат 200 возила повеќе на ден отколку во почетокот од годинава. За еден ден од германската фабрика излегуваат близу 2.000 возила.

Првото зголемување на производството се случи уште во февруари, кога дневната продукција на моделот Fiesta се зголеми од 1.650 на 1.760 возила. Покрај тоа, од февруари се работи во дополнителни смени веќе во шест викенди. Зголемувањето произлегува од големиот интерес за моделот во Европа. Сегашното ниво на производство ќе се задржи до летните месеци.

За кусо време ќе се слави и голем јубилеј во Ford, 16-милиониот примерок од моделот Fiesta од европско производство. Само во фабриката во Келн се произведени 7,3 милиони примероци. Покрај овој јубилеј, во април ќе се прославува и двомилионитата Fiesta од актуелната генерација од фабриката во Келн.

Најголеми пазари за Ford Fiesta се Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија. Само на овие пет пазари се продадени повеќе од 149.000 примероци од Ford Fiesta, не вклучувајќи ги службените возила – на нив отпаѓаат 75 до 80 проценти од продажбата на сите марки на 19-те традиционални пазари во Европа. Во минатата година Ford Fiesta повторно беше најпродаван модел од класата во Европа, со продадени 293.633 примероци.

Претходна објаваВо светот возат 400.000 автомобили на струја
Следна објаваОфицијално: Honda ја има најбрзата тревокосачка во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here