Ford е прв производител што користи роботи за тестирање на издржливоста на нивните возила, со цел да се забрза процедурата на тестирање, но и да се поштеди човечкиот фактор.
Ако некој неслучаен намерник успее да се пробие до затворената патека за тестирање на Ford во Ромео, Мичиген, ќе доживее глетка што ќе го натера добро да си ги протрие очите. На оваа патека секојдневно јурат возила, забрзуваат и сопираат, и сé така до бесконечност, што и не е толку невообичаено, освен ако не се забележи дека зад воланот нема никој. Ниту вонземјани ја освоиле оваа патека, ниту пак возилата им побегнале од контрола на инженерите на Ford, туку тоа е реалноста на тестирањето на возилата на Ford. Со воланот и со командите на возилото управува робот!

Првото возило што е развиено со пилот програмата за роботизирано тестирање е новата генерација на Transit, која што ќе се појави на пазарот в година. Причината што авто гигантот реши да ангажира технологија на местото на возачот е поштеда на човечкиот фактот. Како што објаснува Дејв Пејн, шеф на развојот на возила во Ford, „Некои од тестовите што ги вршиме на нашите доставни возила за Северна Америка се толку интензивни што мораме да го ограничуваме времето на ангажирање на тест возачите. Предизвикот беше во тоа да го завршиме тестирањето во согласност со поставените рокови и во исто време да ги растовариме нашите возачи.“
[one_half]
Со користењето на роботска технологија се скусува времето на тестирање, при истовремено зголемување на продуктивноста во другите подрачја за тестирање, на пример во тестирањето на нивото на бучава и возна динамика, што и натаму е задача на тест возачите.
[/one_half]
[one_half_last]

[/one_half_last]
Роботите што се поставени во возилата го контролираат управувањето, забрзувањето и сопирањето. Контролниот модул го следи претходно програмираниот курс на возење, додека положбата на возилата се следи преку камери и сателити од централниот контролен пункт. Во случај возилото да отстапи од курсот, инженерите можат да го запрат возилото, да го коригираат курсот и да го започнат тестирањето од ново. Сензорите автоматски го запираат возилото ако пред него се најде пешак или друго возило на патеката.

Интензитетот на тестовите е аналоген на 10 години секојдневно возење во практика, со силно оптоварување на погонската механика и на подвозјето, на патеката со различна подлога, односно искршен бетон, гранитна коцка, метални споеви на мостови, груб макадам, кал, и секако, дупки на патот.
Сите доставни возила на Ford за американскиот пазар мора да ги поминат тестовите на издржливост пред да се премине на следната фаза од развојот на возилото. Досега брзината на тестирање и бројот на повторувања на одредени сценарија беа ограничени заради заштита на тест возачите од преоптоварување. Возачите можеа да ги вршат овие тестирања само еднаш дневно.
Користењето на роботите овозможува тестовите да се повторуваат неограничено, односно се додека инженерите не се задоволни со резултатите. Технологијата воедно овозможува воведување на уште поригорозни и потешки тестови, кои ќе ги направат возилата уште поиздржливи и понадежни.