за

FlexFix: Практичниот систем на Opel наменет за велосипедистите

Носачот што се извлекува од задниот браник и може да понесе до четири велосипеди во последниве години се докажа како совршено решение за велосипедистите. Моментно FlexFix е достапен за девет модели на Opel.

За време на летните одмори љубителите на велосипедизмот не сакаат да се развојат од своите „железни магариња“. На пазарот се достапни разновидни решенија за транспорт на велосипеди, но како што се покажа од реакцијата на пазарот, за многумина FlexFix на Opel е совршениот начин за превоз. Моментно Opel го нуди патентираниот систем во девет модели од својата гама, почнувајќи од Meriva, преку Astra и Astra Sports Tourer, Corsa, Antara, Mokka, Zafira Tourer, па сé до малечкиот Adam.

Марката со молњата го понуди интегрираниот носач за велосипеди што се извлекува од задниот браник во 2010 година, во Meriva. На носачот може да се постават два велосипеда со тежина до вкупно 40 килограми, а самото поставување на велосипедите е мошне едноставно, затоа што носачот е на само десетина сантиметри од земја. Друга предност на FlexFix е фактот што носачот е постојано присутен во возилото и се избегнува мачното поставување на носачи на покривот или монтирање сложени системи врз задниот капак.

При патување на подолга релација за многумина е важно и тоа што брзината не е ограничена на 120 km/h, како и фактот што монтираните велосипеди не се толку чувствителни на нагло сопирање или побрзо влегување во свијоци. Системот поседува и звучно предупредување при секое префрлување на менувачот во рикверц, со цел да го потсети возачот дека вкупната должина на возилото со монтирани велосипеди е поголема.

Од Astra Sports Tourer и Zafira Tourer е достапна втората генерација на FlexFix, со капацитет за четири велосипеди, односно три велосипеди кај Mokka. За разлика од првата генерација на FlexFix, системот кај овие модели дозволува и наведнување на носачот, заради ослободување на пристапот и отворање на задниот капак. Според интерните истражувања, потрошувачката на гориво е пониска за 20 проценти во споредба со кровните носачи за велосипеди.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германски статистики: Овие пет марки најчесто завршуваат под преса

Kолона од десет возила Volkswagen Multivan за Кевин Костнер