за

Fisker пред колапс?

Сонот за скапоцените автомобили со погон на струја не се реализираше. Марката Fisker е пред колапс, поевтината марка Coda исто така. Работата продолжува само за Tesla, и тоа, со еден необичен модел на финансирање.

Американскиот производител на возила со погон на струја Fisker отпушти 150 од двестоте вработени. Фирмата продолжува да бара финансиски моќен партнер или нов сопственик. Покрај Tesla, Fisker е еден од најпознатите производители на коли на струја. Претпријатието беше основано во 2007 година од дизајнерот Хенрик Фискер и од порнаешниот менаџер на BMW, Бернард Келер. Првиот модел Karma чинеше 100.000 долари.

Продукцијата мирува неколку месеци. Досега се продадени само 2.000 возила. Прво дојдоа проблемите со американската влада, која го замрзна кредитот за Fisker, откако фирмата не испорача модел на струја кој ќе биде достапен за поширокиот круг купувачи. Потоа банкротираше добавувачот на батерии, фирмата А123. Долго време се шпекулира дека нов сопственик на Fisker ќе стане фирма од Кина, а изгледите сега се поголеми од кога било.

Fisker Karma е најпопуларен меѓу холивудските ѕвезди кои прикажуваат еколошка свест. Со два електромотора со по 204 КС, во комбинација со бензинец со 260 КС, кој се користи за полнење на батериите, Karma не бара откажување од динамиката на класичните спортски лимузини. Џастин Бибер и Ештон Качер придонесоа за големата популарност на Fisker. Но, тоа беше недоволно да се реализира планираната продукција од 10.000 возила годишно.

На уште еден производител на коли на струја од Америка му се заканува крај. За разлика од Fisker, Coda Automotive повеќе целеше на широката публика. Иако државата дава големи субвенции за е-погонот, проектот не успеа. Основачот замина веќе одамна, затоа што изостана успехот. Вистина, друго не можеше да се очекува, затоа што единствениот модел на Coda во основата се базираше на модел на Mitsubishi од 1990-те години. Каросеријата е дизајнирана во Кина, погонската спрега потекнува од САД. До средината на минатата година, Coda продаде само 500 возила. Производителот исто така отпушти голем дел од вработените.

Единствено во Tesla продолжува бизнисот. Успехот со лимузината Model S придонесе специјалистот за електрични возила конечно да забележи профит. Место планираните 4.500 возила, продадени се повеќе од 4.750 возила. До претставувањето на поевтиниот модел со намален капацитет на батерии сепак ќе мине уште некое време. Необичен е новиот начин на финансирање. Tesla нуди можност за откуп на возилото по три години, по цена на нов Mercedes од класата Ѕ.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Trax во Србија од 16.399 евра

Opel развива 13 нови мотори