
Филоса, 51 година, го наследува Карлос Тавареш, кој си замина во декември, откако акционерите беа изненадени со соопштението дека компанијата е во опасност годинава да не го оствари прогнозираниот профит. Тавареш за неговиот ангажман во 2024 година беше исплатен со 23,9 милиони долари, а една година пред тоа со 40 милиони долари. По оставката, тој повторно ќе добие околу 40 милиони долари, вклучувајќи компензација.
Филоса ќе заработи далеку помалку од неговите колеги од Големата Тројка во Детроит. Директорката на Џенерал Моторс, Мери Бара, во 2024 година доби компензација 29,5 милиони долари, додека шефот на Форд, Џим Фарли, заработи 24,9 милиони.
Оливер Блуме, првиот човек на концернот Фолксваген, лани заработи 11,8 милиони долари, а за својата работа во групацијата Рено, извршниот директор Лука де Мео беше награден со 5,5 милиони долари.
Претседателот на Тојота, Акио Тојота, кој го предводи најголемиот производител на автомобили, доби 10 милиони долари за минатата година. Уисун Чонг, претседателот на Хјундаи Мотор Групацијата, доби 8,8 милиони долари плата.
Назначувањето на Филоса и компензацијата треба да бидат потврдени официјално на вонредното генерално собрание на 18-ти јули, иако тој ќе почне со новата функција уште на 23-ти јуни. Тој има петгодишен мандат, исто како Тавареш.
[the_ad id=”85764″]
Предлогот за неговата компензација:
- Основна плата од 1,8 милион долари
- Максимален краткорочен бонус од 400 проценти на основата, секоја година
- Долгорочни бонуси на база на остварување. Таргетот за 2025-2026 е 500 проценти на основица, што може во 2027 да се искачи на 600 проценти, со максимални 780 проценти.
- За годините 2025-27, исплата на готовина во висина од 1,2 милион долари, за да се премости зјајот додека Филоса стекне право на долорочни бонуси во 2028 година
- Покривање на разлика во даноци во други држави, вклучувајќи 975.000 долари годишно до завршетокот на 2026, како дел од тековниот договор на Филоса со Стелантис.
Компензацијата на Филоса, исто како и на останатите извршни директори во браншата, е ситна пара во споредба со платата на Илон Маск, шефот на Тесла. Тој како најголем акционер во Тесла, во март поднесе жалба за неисплатените 56 милијарди долари според договорот за 2018 година. Судот сепак ја одби тужбата, поради тоа што сумата не е фер во однос на акционерите.















