за

Fiat Uno наполни 30 години

Малечкиот херој на Fiat е еден од првите автомобили што се произведуваше во роботизиран процес, а со 8,8 милиони примероци е меѓу десетте најпродавани возила на сите времиња.

Италијанците го претставија Fiat Uno пред 30 годнини на Кејн Канаверал во Флорида. Името беше избрано како потсеќање на еден од првите модели на производителот од Торино, на Tipo Uno од 1910 година. За кусо време, Unо се покажа како вистински погодок и стана еден од најпродаваните автомобили во сите класи. Произведени се вкупно 8,8 милиони примероци, со што Fiat Uno се вбројува меѓу најпродаваните десет автомобили на сите времиња.

Моделот беше достапен во каросериски изведби со три и со пет врати, како замена за Fiat 127. Претседателот на Fiat, Виторио Гидела инвестираше милијарда лири во фабриките во Мирафиори и Ривалта. Uno е еден од првите модели во светот чие што производство во целост се одвиваше автоматски. Заварувањето на 172-та делови од каросеријата беше задача за околу 200 роботи, додека за лакирањето беа задолжени дополнителни 20 роботи. Пред три децении, тоа беше големо достигнување за Fiat и за автомобилската бранша воопшто.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почна големото возење за 50-годишнината на Lamborghini

Тест: Volvo V40 D2 Momentum