за

Fiat Tipo е новиот Dodge Neon во Мексико

Fiat лани ја оддува прашината од старото име Tipo и го примени за новата генерација модели од компакт класата. Сега уште една марка од италијанско-американскиот концерн се присети дека има празнина во моделската понуда и исто така има едно старо моделско име што треба да се врати во живот. Fiat Tipo на северноамериканскиот пазар ќе се продава како Dodge Neon, со неколку заменети логоа.

Торинската марка лани се врати на сцената во компакт класата со новиот Fiat Tipo, како пристоен автомобил кој беше претставен прво во лимузинска форма, а потоа и во комбилимузинска и комби изведба. Шефовите на италијанско-американскиот концерн Fiat Chrysler, сместени веројатно во Лондон, се сетија дека лимузинската верзија на Tipo ќе наиде на традиционално добриот прием од другата страна на океанот и го пуштија италијанскиот автомобил произведуван во Турција да се продава на пазарот под едно подзаборавено име, Dodge Neon.

dodge_neon 2

Dodge Neon сепак не пристига од Бурса, туку од фабриката на FCA во Мексико, што меѓу другото е уште една причина зошто моделот ја почнува својата пазарна кариера токму од оваа латиноамериканска земја. Потоа, Tipo-Neon ќе се појави и во салоните во САД. Новиот модел пристига на местото на Dart, автомобил на модифицирана платформа од Alfa Romeo Giulietta.

dodge_neon 3

Името Neon потекнува од двете генерации компактни лимузини што се продаваа под логоата на Chrysler и Dodge на преодот во новиот милениум, а имаа забележано присуство и на европскиот пазар, со интересниот дизајн и со достапната цена.

dodge_neon 4

Цената на основниот модел на Dodge Neon во Мексико изнесува 223.900 пезоси, односно околу 10.300 евра, во верзија со 1,4-литарски Fire со 95 КС. Посилната верзија вози со 1.6 E-torQ со 110 КС, само во комбинација со автоматски менувач со 6 степени.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota hybrid

Хибридите на Toyota со рекордна продажба откако Европа го напушта дизелот

Трамп со закана до Џенерал Моторс: „Произведувајте во САД или плаќајте царина“