Близу половина од возачите што учествуваа во истражувањето на Фиат страдаат од „паралелофобија“, односно кажаа дека стравуваат од паралелно паркирање. Меѓу нив спаѓа и телевизиската ѕвезда Џејми Леинг, кој ќе направи сé, само за да не треба да паркира паралелно.
Анкетата со поддршка на Фиат беше спроведена меѓу 2.000 британски возачки и возачи, за да се откријат ставовите околу паркирањето и да се укаже на финансиските последици што произлегуваат од слабата вештина за паркиање.
Возачите во просек плаќаат по 158 фунти за поправка на штети направени при паркирање. Тоа дава вкупна сума од окоилу 1,5 милијарда фунти.
Меѓу главните причини зошто Британците стравуваат од паралелно паркирање е загриженоста дека ќе го блокираат патот и ќе ги задржат останатите возачи (40%), грижа дека премногу ќе се приближат и ќе ги оштетат другите возила (37%), потоа се тука стравот да не се посрамотат и притисокот кога ги гледаат (36%), грижата дека ќе паркираат предолго (30%) и неразбирањето зошто служат жолтите линии (23%).
Истражувањето покажа и дека возачите во просек ќе паркираат и по 0,8 милја подалеку (околу 1,3 километар) и ќе одат 20 минути пеш до одредиштето, само за да не паркираат паралелно.
За да помогне да се надмине стравот, Фиат ги ангажираше Драјвинг Скул ТВ, популарен канал на јутјуб. Заедно со Френсис Ноукс беше основан Водичот за паралелно паркирање на Фиат.
Како дел од проектот, познатиот Џејми Леинг требаше да се соочи со „паралелофобијата“, седејќи зад воланот на електричен Фиат 500е. Тој претходно успеа да постави Гинисов рекорд, за паркирање автомобил на простор што е само 7,5 сантиметри подолг од возилото – исто така со Фиат 500.
Пораката од целиот овој потфат доаѓа од директорот на Фиат во Велика Британија, Дејмиен Дели. Тој вели дека „целосно електричниот Фиат 500е е ултимативен градски автомобил, со безброј освоени награди. Тој е совршен мал автомобил за возење и паркирање во градови со голем метеж, ослободувајќи ги возачите од стравот како ќе го паркираат возилото.“
















