Западна Австралија на фирмите им покрива 50% од трошокот за полначи за електрични автомобили

Најголемата австралиска сојузна држава, со главен град Перт и со близу три милиони жители, го почнува вториот круг за поддршка на изградбата на мрежа од станици за полнење на електричните автомобили. Властите им помагаат на фирмите да преминат на електричен погон.

Компании со мала и средна големина, со најмногу 200 вработени, непрофитни организации и институции на локалните власти имаат право за сојузната држава Западна Австралија да им покрие до половина од трошоците за поставување полначи за електрични автомобили.

Субвенцијата важи и за обични полначи со најмногу 22 киловати, но и за супербрзи полначи до 350 киловати. Проектот трае до 3-ти мај и вкупно се планирани да бидат исплатени 12,5 милиони австралиски долари, односно околу 7,5 милиони евра.

Во првиот круг беа исплатени 2,4 милиони долари како помош, со коишто се поставија 403 полначи на 221 станица. Западна Австралија на овој начин подржа 99 мали и средни компании, 26 институции на локалните власти и 15 невладини организации.

Со оваа иницијатива, Западна Австралија укажува на важноста да се изгради неопходната мрежа од полначи и на тој начин да се придонесе за зголемување на бројот на електрични возила по патиштата во најголемата сојузна држава во Австралија.

Во првите девет месеци од 2023 година, во Западна Австралија се продадени 6.590 електрични авотмобили. Во истиот период лани, бројот изнесуваше 1.845, што секако дека претставува голем напредок, особено покрај посебностите на земјата.

Електричните возила во моментов учествуваат со 6,4 проценти во вкупната продажба на возила во сојизната држава.

Претходна објаваИстражување на Фиат: Паралелофобија, страв од паралелно паркирање
Следна објаваНовата Порше Панамера со кокпит како Тајкан, сé е на волан

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here