Во првата половина од 2023 година, Fiat придонесе во значајнба мера за одличните резултати на Stellantis, како марка што продава најмногу возила од сите 14 марки во концернот. На светскиот пазар биле пласирани 645.000 возила, што претставува зголемување од 10 проценти во споредба со истиот период лани.
Шампионските бројки на Fiat се должат на широкото присуство на италијанската марка на светскиот пазар. Повеќе од половоната од продажбата е постигната на пазарите надвор од Европа.
Во три региони што се на спротивни краеви низ светот, Fiat ја држи позицијата на пазарен лидер. Уделот во Бразил изнесува 22 проценти, во Турција се 18,2 проценти, додека на домашниот пазар се покриваат 12,8 проценти.
Fiat предводи три големи автомобилски пазари – Бразил, Италија и Турција
Торино има дополнително и наслов на најпродаван батериски електричен автомобил од градската класа на концернот Stellantis. Секако станува збор за Nuova 500. Електричниот чинквеченто е меѓу најпродаваните батериски електрични автомобили во општа конкуренција на ниво на Европа, како и во Италија, Германија, Франција и Шпанија.
Оливие Франсоа, извршен директор на Fiat и шеф на маркетинг на цел концерн Stellantis, зборува за успехот: „Во последните две години имавме успешен период во Stellantis и направивме Fiat да биде попрофитабилен и да стане глобален играч, повеќе од кога било досега. Годинава Fiat повторно го потврди својот светски успех, придонесувајќи во значајна мера за резултатите на Групацијата.“

Новите целосно електрични Fiat Topolino и Fiat 600e се први модели на Италијанците што се базираат врз платформа на концернот Stellantis.
Благодарение на синергиите и можностите во Групацијата, во следните три години, нашите планирани модели ќе го вратат Fiat на местото што му припаѓа: лидер, пример, сакана марка
Оливие Франсоа, извршен директор на Fiat
Fiat е најпродавана марка во Јужна Америка, со удел од 14,1 проценти на пазарот. Традиционално, италијанската марка е неприкосновен лидер во Бразил, како најважен пазар за Fiat, надвор од Европа. Успехот се заопкружува дополнително со тоа што Fiat Strada е најпродавано возило во Бразил и прво е во сегментот на лесни доставни возила.
Во Европа се продадени 271.800 возило од вкупно испорачани 645.000 возила на светскиот пазар во првото полугодие. На домашниот пазар, Fiat држи 12,8 проценти. Најпродаван модел е бескласната и безвременска Fiat Panda. Електричното чинквеченто, Nuova 500, е најпродаван батериски електричен автомобил на Stellantis во Европа, воедно бестселер во А- и Б-сегментите. Покрај тоа што е во Топ 5 во Италија, Германија, Франција и Шпанија, Nuova 500 е најодликуван Fiat на сите времиња.
Посебно се издвојуваат и резултатите на турскиот пазар, каде што Fiat води со удел од 18,2 проценти. Најпродавано возило во земјата е Fiat Tipo.
Следно во агендата е враќање на пазарот во Алжир и локална монтажа на Fiat 500 Hybrid. Истото важи и за Firt Doblo, којшто кон завршетокот на годинава ќе стартува со производство во Тафрауи, во алжирската провинција Оран.
















