Ford ќе подзабави со електричните, губи 71% на секој произведен автомобил

Тоа се нарекува класична дилема. Ford со својот проблематичен бизнис со електрични автомобили во моментов уништува половина од милијардите што ги заработува со продажбата на возила со мотор со внатрешно согорување.

Американскиот производител во вториот квартал забележа трипати повисока добивка отколку во истиот период лани. Но, овој раст ќе беше уште поголем, доколку бизнисот со електричните автомобили не правеше толку големи загуби.

Зголемениот промет и вкупната добивка на Ford доаѓаат единствено од продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување. Американците го водат овој бизнис во посебен огранок наречен „Ford Blue“. Овој огранок во првото полугодие постигна промет во висина од 50,1 милијарди долари. Тоа е за дванаесет проценти повеќе од лани.

Најголема заработка во продажбата на пикапи и доставни возила

Оперативната добивка на Ford Blue се зголеми речиси петпати во првото полугодие. Од 1,1 милијарда долари лани, непречистената добивка во првото тромесечје годинава достигна 4,9 милијарди долари.

Наспроти тоа, загубите во бизнисот со електрични возила се зголемија од 912 милиони лани, на 1,8 милијарди долари. Овој огранок се води под името „Ford Model e“.

Одлично се развиваше третиот огранок на американскиот производител, бизнисот со транспортери, наречен „Ford Pro“. Прометот во првите шест месеци се зголеми за 25 проценти, на 28,8 милијарди долари. Соодветно и оперативната добивка се зголеми од 2,4 на 3,8 милијарди долари.

Според тоа, продажбата на транспортери е најисплатливиот бизнис на Ford. Маржата во првото полугодие достигна 13 проценти. Во продажбата на возила со мотор со внатрешно согорување исто така е постигната солидна марка од 9,8 проценти. Но, голем проблем е бизнисот со електричните автомобили. Маржата таму изнесува минус 71 процент.

Eлектричните автомобили на Ford ќе почекаат подобри времиња

Ford за деловната 2023 година очекува оперативна добивка од дванаесет милијарди долари, што е за една милијарда повеќе отколку што се прогнозираше претходно. Од друга страна, загубите во продажбата на електрични автомобили, според шефот на управниот одбор Џим Фарли, понатаму ќе продолжат да се зголемуваат повеќе отколку што се предвидуваше. Конкретно се очекува за 50 проценти зголемена загуба, односно вкупно 4,5 милијарди долари.

Поради тоа, менаџментот на Ford реши да го забави производството на електрични автомобили. Со секој произведен електричен автомоби, Ford губи пари.

Според првичните планови, Ford годинава требаше да произведе 600.000 електрични автомобили, но тие планови сега се одложуваат за в година.

Претходно се планираше по 2026 година Ford да произведува по два милиони електрични автомобили на годишно ниво. Сега не се спомнува датум.

Претходна објаваРим бара концернот Stellantis повеќе да вложува во италијанските фабрики
Следна објаваFiat останува најпродавана марка на концернот Stellantis, Италијанците 10% во плус

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here