Fiat Chrysler ќе биде казнет со 800 милиони долари во САД

Агенцијата за безбедност во сообраќајот во САД го обвинува Fiat Chrysler дека ги сокривал проблемите со сервисните повици. Можната казна се 23 милиони долари – за секој сервисен повик посебно.

Американските власти за безбедност во сообраќајот ќе го казнат Fiat Chrysler со 800 милиони долари. Казната може да биде уште подрастична, доколку властите решат итало-американскиот производител на автомобили да ги откупи назад сите возила што досега не се поправени во рамките на сервисните акции. Шансата Fiat Chrysler да ја избегне казната е еднаква на нула.

Производителот на автомобили повеќепати ги прекршил американските закони, не ги издавал неопходните информации околу утврдените дефекти во јавноста и не ги известувал властите во 23-те сервисни повици од 2013 година. Неопходност од остранување на дефектите има кај 11 милиони возила, опфатени во овие сервисни повици. На тој начин Fiat Chrysler ја оневозможил работата на агенцијата за безбедност во сообраќајот во САД. Производителот се брани дека ненамерно пропуштил да ја извести агенцијата за проблемите со возилата.

Претходна објаваЕлектричниот Volkswagen e-up! вози 100 километри за 57 денари
Следна објаваФранцузите очекуваат помош од амајлии: Renault Talisman

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here