за

Fiat 600e во стартот на продажбата ќе го следи примерот на Jeep Avenger

Fiat им даде предимство на Германија и Франција, како први земји во коишто ќе се продава новиот 600, за да го искористи подемот на електричните автомобили.

Италијанската марка уште во текот на годинава ќе започне со продажба на новиот 600e во Германија, Франција и на домашниот пазар. Останатите европски пазари ќе следат во 2024 година.

Франција ќе биде прва земја во којашто во средината на октомври ќе почне продажбата на електричниот кросовер 600e, за во втората половина да следи старт и во Германија и Италија.

Торино им даде предимство на Германија и Франција како први земји во коишто ќе биде достапен новиот Fiat 600, за да се искористи зголемената побарувачка на електрични автомобили, како и владините субвенции.

„Сакаме да ги искористиме последните месеци со целосни субвенции за електричните возила во Германија“, кажа шефот на Fiat за Европа, Гаетано Торел.

Од први јануари 2024 година, субвенцијата во Германија ќе се намали од сегашните 6.750 евра на 4.500 евра.

Француската влада исто така планира да ја смени програмата за субвенционирање. Критичарите посочуваат дека од субвенциите најмногу искористувааат електричните автомобили што се произведени во Кина, каде што производствените трошоци се пониски.

Основната изведба на 600e, без владините субвенции, во Германија ќе чини 36.490 евра, односно 35.900 евра во Франција и 35.950 во Италија. Торел кажа дека „цените со субвенциите се совпаѓаат со просечните цени на малечките СУВ модели со хибриден погон, односно околу 30.000 евра.“

Планот за воведување на новиот модел на Fiat во продажба го следи примерот на сестринскиот модел Jeep Avenger, конструиран врз истата платформа. Малечкиот СУВ на американската марка забележи 40.000 нарачки откако имаше деби на салонот во Париз во 2022 година. Повеќе од 16.000 нарачки се однесуваат на целосно електричната изведба од тековниот носител на насловот на Европски автомобил на 2023 година.

Исто како кај Avenger, моделското семејство на Fiat 600 ќе вклучува и модели со мотор со внатрешно согорување, иако двата модели во почетокот се достапни само во целосно електричната изведба.

Варијантата со благ хибриден погон, којашто ќе ја носи ознаката 600 – без додадокот „e“ за електричната изведба, ќе почне со продажба во вториот квартал во 2024 година. Оваа моделска изведба ќе цели кон „земјите кадешто целосно електричната мобилност уште нема фатено залет,“ вели Торел, додавајќи дека таа ќе се продава ширум Европа.

Jeep прими 40.000 нарачки за малечкиот СУВ модел Avenger од почетокот на продажбата. Повеќе од 16.000 од тие нарачки за тековниот Европски автомобил на 2023 година се однесуваат на целосно електричната варијанта.
Jeep прими 40.000 нарачки за малечкиот СУВ модел Avenger од почетокот на продажбата. Повеќе од 16.000 од тие нарачки за тековниот Европски автомобил на 2023 година се однесуваат на целосно електричната варијанта.

Планот на Jeep при почетокот на продажбата на Avenger беше варијантата со бензински мотор да биде достапна дополнително во земјите како Италија, Шпанија и Полска. Наспроти тоа, во земјите во коишто посилно напредува електромобилноста, како Германија и Франција, планот беше да се продава само целосно електричната варијанта.

Плановите се сменија во јуни, кога Jeep објави дека бензинските варијанти ќе бидат додадени во понудата на пазарите во Германија и Франција.

Потегот на концернот Stellantis, каде што припаѓаат Fiat и сестринската марка Jeep, сосем е оправдан, имајќи предвид дека аналитичарите предвидуваат продажбата на целосно електрични модели да забави кон завршетокот на годината. Пазарот досега напредуваше силно, затоа што до август беа продадени 1,29 милион целосно електрични автомобили во Европа, за 53% повеќе отколку во првите осум месеци лани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Fiat 600 почнувајќи од 7-ми септември се произведува во фабриката на Stellantis во Тихи, Полска, заедно со Avenger, Fiat 500 и Lancia Ypsilon. Торел проценува дека годинава ќе се произведат околу 10.000 примероци.

Најновиот модел на италијанската марка е конструиран врз платформата e-CMP, усовршена варијанта на CMP. Истата платформа ја користат уште Peugeot 208 и Opel/Vauxhall Corsa, Citroen C4, DS 3 Crossback, Peugeot 2008 и Opel/Vauxhall Mokka.

В година се очекува и модел на Alfa Romeo врз база на истата платформа, позициониран под актуелниот хит-модел Tonale.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Е-горивата би чинеле исто колку фосилните горива, вели научник на Aramco

Возачи на Mercedes плаќаат гориво преку отпечаток од прстот