Продаван во повеќе од 100 земји, од Италија, преку Бразил и Јужна Африка, до Јапонија и САД, ретромоделот на најиталијанскиот автомобил на сите времиња денес достигна 1,5 милион примероци. А, тој доаѓа од Полска.
Во боја „бела како сладолед“ или многу позвучно „џелато вајт“, еден и пол милионитиот примерок од Fiat 500 денес се симна од производствените ленти во фабриката на Fiat, во Полска. Јубилејниот модел е со рустикалниот 1,2 литарски бензинец со 69 КС и наменет е за купувач во Франција. Ретро моделот во стил на оригиналниот Cinquecento се појави пред осум години и четири месеци.
Три четвртини од вкупната продукција се продадоа надвор од Италија, а малечкиот автомобил освои над 40 признанија, вклучувајќи и титула на автомобил на 2008 година во Европа.
















