за

Италија: Fiat вели пробајте Nuova 500 на седум денови и ќе ја засакате засекогаш

Дилерската мрежа на Fiat во Италија нуди една недела бесплатно користење електрична Nuova 500, под мотото „provala per 7 giorni e l’amerai per sempre“, односно пробајте ја на 7 денови и засакајте ја засекогаш.

Во следните година и пол до две, Фиат 500е ќе добие нова батерија, за италијанскиот градски автомобил да вози подолго со едно полнење, најави извршниот директор на концернот Стелантис, Карлос Тавареш.

Fiat во соработка со својата дилерска мрежа започна акција, со којашто на Италијанците им нуди можност во текот на месец април, седум денови да ja користат електричната Nuova 500, без какви било трошоци околу возилото.

Џузепе Галаси, директор на Fiat и Abarth во Италија, вели: „Горд сум на оваа иницијатива, којашто на сите им овозможува самите да доживеат и да оценат, колку електромобилноста одговара за најразлични потреби во секојдневието.“

Произведена во Италија, Nuova 500 со полна батерија минува до 320 километри во реални услови на возење. Во случај да се вози само во град, може да се постигне досег до 460 километри, поради повратокот на енергија при сопирање и забавување. Батеријата располага со капацитет од 42 kWh. Со брз полнач со 85 kW, наполнетост од 80% се постигнува за само 35 минути.

Во случај клиентите по пробните седум денови да се решат да го продолжат возењето Fiat Nuova 500, домашната марка им нуди можност за лизинг, под договор со Stellantis Financial Services. Условите се примамливи: Без учество, на 48 месеци, со 47 рати отплата по 299 евра. Доколку по 4 години, корисниците сакаат да го купат возилото, тоа ќе ги чини 14.380 евра.

Има уште неколку фактори, што прават понудата да биде атрактивна. Во целата финансиска слика се зема предвид и откуп на старото возило за 1.500 евра (До Еуро 4, најмалку 12 месеци во сопственост), како и државна субвенција за електрични автомобили во висина од 5.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кои беа Tigra, Scamp, Roadster на штандот на Opel на ИАА во 1993 година?

BMW XM со црвена маска за 203.000 евра