Електричниот Fiat 500 поставува продажни рекорди во Германија

Италијанскиот класик со напредна погонска технологија, во ноември бил втор најпродаван електрифициран автомобил во Германија, на најголемиот и најважен пазар во Европа. Електричната и хибридната изведба на Fiat 500 таму се продадоа во вкупно 43.049 примероци до ноември.

Fiat 500 достига мошне високи позиции на германскиот пазар. Вкупно четири месеци, електричниот Fiat 500 Electric беше најпродаван автомобил со електричен погон, а во ноември стана дури и втор најпродаван модел од сите автомобили што се достапни на тамошниот пазар.

Италијанскиот градски автомобил е најпродаван увозен модел во Германија, во периодот од јануари до ноември 2022 година.

Според најпедантната статистика што се води за германскиот пазар, Fiat 500 Electric единаесетпати годинава бил меѓу првите три најпродавани модели на пазарот, со чисто електричен погон. Не постои друг модел со погон само на струја, што успеал секој месец годинава да биде во Топ 3.

Овој заеднички успех на двете изведби на Fiat 500 ѝ донесоа на италијанската марка историски највисок удел од 6,7 проценти на домашниот пазар на VW & Co.

Најпродавани модели во категорија на малечки автомобили во Германија, од јануари до ноември 2022:

Fiat 500 · 43.049 примероци

Volkswagen Up · 21.043 примероци

Dacia Spring · 10.308 примероци

Најпродавани модели во категорија на автомобили со чисто електричен погон во Германија, од јануари до ноември 2022:

TESLA MODEL Y 28.044
TESLA MODEL 3 24.275
FIAT 500 23.123
VW ID.4, ID.5 17.656
VW ID.3 16.421
HYUNDAI KONA 13.677
HYUNDAI IONIQ5 11.248
AUDI E-TRON 11.023
VW UP 10.998
SKODA ENYAQ 10.921
Вкупно BEV 366.234

 

Претходна објаваOpel 5/12 HP пред 110 години беше автомобил наменет за сите
Следна објаваAudi по 2026 ќе претставува само електрични модели, класичарите завршуваат во 2033

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here