Fiat во изминативе 12 години претстави повеќе од 30 специјални серии на Fiat 500. Култот на автомобилот што придонесе за масовна моторизација во Европа остана неизбледен и негеовиот наследник денес се продава најдобро во својот сегмент, и покрај тоа што Fiat 500 како ретро модел е поскап од конкурентите. Fiat 500 е воедно и најпродаван модел во групацијата втора година по ред.
По традиција, Fiat ја прослави годишнината на „500“ на 4-ти јули. Новата специјална серија 500 Dolcevita става нагласок на италијанскиот гламур и на животниот стил што почна да се негува во 1950-те години, со вклучување на модата, дизајнот и уметноста. Лимитираната серија за „слаткиот живот“ добива уште поголемо значење, затоа што се појавува за 120-годишнината на Fiat.
https://photos.app.goo.gl/t87t7Y9iw4GDxgkZ8
Каросеријата на „Dolcevita“ е лакирана во ексклузивна џелато-бјанко боја, со црвена-бела-црвена линија по целата должина. Името на серијата е напишано ракописно, на впечатлив хромиран амблем назад. Хромот е присутен и на хаубата, на куќиштата на ретровизорите и на страниците. Појавата ја заокружуваат бандажи од 16 инчи во бела боја и стаклен покрив во затворената каросериска изведба.
https://photos.app.goo.gl/sphZpqcSvKZaDWyG8
Кабриолет-изведбата има неколку посебни детали. Покривот е изведен во пругаста сино-бела шара, што е првпат во историјата на „чинквеценто“. Тоа е стилот што потсеќа на платното од столиците и чадорите на плажите во времето на долче вита. Кабриолетот воедно одбележува десетгодишнина. Во внатрешноста има детали од дрво, изработени со врвна занаетчиска мајсторија.
https://photos.app.goo.gl/W3wyJHcDpXxVNhQR7
Понудата од погонски единици ја сочинуваат познатиот 1,2-литарец со 69 КС, кој може да се комбинира и со автоматски менувач и, посилна верзија со 85 КС, колку што испорачува 0,9-литарскиот Twin Air. Трета опција е 1,2-литарски мотор приспособен за работа со автогас, кој останува исклучително популарно гориво во Италија.
https://photos.app.goo.gl/8zZDmtPB41LZ2ogA9
















