Fiat 500 се разладува во водите во Калифорнија

Зошто автомобилите да немаат право на летен одмор? Fiat 500 деновиве може да се види во водите на калифорниското крајбрежје. За одмор сепак не може да стане збор.

Во „Градот на сурферите“, како што уште се нарекува калифорнискиот Хантингтон Бич, деновиве може да се наиде на необична глетка. Fiat 500 релаксирано плива во водите, а одвреме навреме се издигнува и подига бранови зад себе – овие автомобилчиња се главните актери во актуелната рекламна кампања на Fiat. Под каросериите на 500, 500C, 500L и Abarth 500 работат скутери на вода со моќност и до 200 КС. Публиката реагира одушевено.

fiat_500_13_motorboot

Fiat инвестира многу во реклами со цел да ги врати своите некогашни позиции на пазарот во САД. Италијанската марка се повлече од американскиот пазар уште во 1984 година, за да се врати во 2010 година со култниот Fiat 500. Бизнисот оди одлично. Fiat 500 е најпродаван автомобил во класата во САД, дури и пред Mini.

fiat 500 2

Претходна објаваЖенската петорка на Мак Аутостар ги испрати кошаркарите во Словенија
Следна објаваMercedes ќе ја произведува класата А и во Финска

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here