за

Fiat ќе произведува шест милиони автомобили во 2018 година

Шефот Маркиојоне има големи планови со Fiat-Chrysler. До 2018 година концернот ќе достигне ниво на годишна продукција од шест милиони автомобили.

Серџо Маркијоне ќе ја зголеми продукцијата на новиот концерн Fiat-Chrysler Automobiles на шест милиони автомобили до 2018 година. „Со иницијативите што ќе ги претставиме во мај е достижна целта од шест милиони“, изјави во понеделникот шефот на Fiat на генералната конвенција на претпријатието во досегашното седиште во Торино.

За оваа година е поставена цел од околу 4,5 милиони произведени автомобили. На 6-ти мај Fiat ќе го претстави во Детроит деловниот план за следните години. Спојувањето на италијанскиот производител на автомобили со неговата американска фирма ќерка Chrysler коешто беше случено во почетокот од годинава ќе заврши до крајот на 2014, потврди Маркијоне. Новото претпријатие по спојувањето е седми најголем производител на автомобили во светот. Правното седиште на Fiat Chrysler Automobiles е во Холандија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini Cooper GoalCooper: Специјално издание за фудбаломаните

Porsche 911 Targa: Половина купе – половина кабриолет